„Филип Морис“ го почна производството во Прилепскиот комбинат

Bez autora
Nov 16 2014

Првиот бренд на еден од најпознатите светски тобако компании „Филип Морис - интернационал“ излезе од погоните на Тутунскиот комбинат од Прилеп. Цигарите веќе од идната недела ќе можат да се најдат во малопродажба. Домашното производство започнува два месеца откако „Филип Морис - тутунски комбинат Прилеп“, заедничка фирма на двете компании, стана целосно оперативна. „Филип Морис“ и Прилепскиот комбинат договор за партнерство потпишаа во мај годинава. Во Македонија ја продолжуваме традицијата која започна во Лондон во далечната 1847 година. Првото производство на голем бренд на ФМИ започна во капацитетите на Комбинатот во Прилеп, како дел од стратешкото партнерство меѓу двете компании, истакна Емре Козлу, генерален директор на „Филип морис тутунски комбинат Прилеп“. Тој најави дека компанијата има поголеми планови за деловно работење во земјава, но не сакаше да прецизира уште кои брендови на „Филип Морис“ од домашно производство ќе може да се најдат на нашиот пазар.

„Филип Морис“ го почна производството во Прилепскиот комбинатПрвиот бренд на еден од најпознатите светски тобако компании „Филип Морис - интернационал“ излезе од погоните на Тутунскиот комбинат од Прилеп. Цигарите веќе од идната недела ќе можат да се најдат во малопродажба. Домашното производство започнува два месеца откако „Филип Морис - тутунски комбинат Прилеп“, заедничка фирма на двете компании, стана целосно оперативна. „Филип Морис“ и Прилепскиот комбинат договор за партнерство потпишаа во мај годинава.

„Во Македонија ја продолжуваме традицијата која започна во Лондон во далечната 1847 година. Првото производство на голем бренд на ФМИ започна во капацитетите на Комбинатот во Прилеп, како дел од стратешкото партнерство меѓу двете компании“, истакна Емре Козлу, генерален директор на „Филип морис тутунски комбинат Прилеп“. Тој најави дека компанијата има поголеми планови за деловно работење во земјава, но не сакаше да прецизира уште кои брендови на „Филип Морис“ од домашно производство ќе може да се најдат на нашиот пазар.

За извршниот директор на „Тутунски комбинат Прилеп“, Александар Дерменџиев, почетокот на производството во нивните погони, покажува дека Комбинатот е квалификуван да ги исполни високите критериуми на светскиот бренд.

„Горд сум на инвестициите кои ги направивме, ќе продолжиме со подобрување на нашите производствени капацитети, да ги унапредуваме нашите процеси и да ги обучуваме нашите вработени за да ја подобриме конкурентноста на пазарот“, посочи Дерменџиев.

Инаку, наредната недела се очекува Владата да ја прифати одлуката на Бордот на директори на Прилепскиот тутунски комбинат за исплата на опремнина, на според проценките околу 300 вработени кои ги исполнуваат условите за прогласување технолошки вишок. Постигната е согласност со Синдикатот вработените доброволно да ги потпишуваат договорите. Во Прилепскиот Тутунски Комбинат моментно има 970 вработени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik